Азар е револтиран: Секогаш истите…

Кога направи трансфер во Реал Мадрид, Еден Азар стана најскапиот фудбалер во историјата на Кралскиот клуб. Иако од него се очекуваше да биде главна ѕвезда во тимот, Азар едноставно „се загуби“ и никако не може да се избори за место на теренот.

Откако дојде во 2019 година за сума од 115 милиони евра, Азар одигра само 68 меча, а имаше дури 15 повреди. Минатата сезона во стартниот тим имаше само осум меча, а сезонава одигра само 39 минути во првенството. Против Алмерија играше 32 минути, на дуелот против Селта Виго во игра влезе во последните седум минути, додека за дуелите против Еспањол и Бетис се загреваше, но не доби шанса да влезе во игра.

Откако беше јасно дека нема да игра против Бетис, Азар револтирано се врати на клупата за резерви и се обрати кон соиграчот Лукас Васкез. „Секогаш истите замени, секогаш“, викаше Азар кон Васкез, кој мирно слушаше без да возврати. Белгискиот репрезентативец со ова сакаше да каже дека тренерот Карло Анчелоти едноставно има иста тактика и постојано истите играчи ги става од клупата за резерви, а него го изоставува.

- Оглас -

Најнови вести