Азар е цар, може и сам во Челзи (Фото)

Еден Азар е цар во Челзи и неговиот учинок е неверојатен во однос на сите останати офанзивци во клубот. Досега има постигнато 16 голови и има 12 асистенции, или во Премиер лигата стигна вкупно до 28, што е ефект од 49,1 процент во постигнатите голови на клубот од „Стемфорд бриџ“.

Секако, се сметаат само офанзивците на Челзи, заедно со играчите од средниот ред. Вилијан и Педро стигнаа до деветки, со тоа што Бразилецот постигна три гола, комбинирани со шест асистенции, а шпанскиот ас 8 пати ја погоди противничката мрежа и има едно прецизно додавање за гол.

Лофтус Чик, Баркли и Канте се на котата 7, или сите заедно колку Азар сам, секако ако се смета влијанието на головите и асистенциите во процентот на голови на третопласираната екипа во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести