21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Азар доби понуда која нема да може да ја одбие

Реал Мадрид веќе две години се обидува да го доведе Еден Азар од Челзи. Најдобриот играч на лондонскиот тим е голема желба на Кралскиот клуб, но многу веројатно e дека ако Азар го облече дресот на Реал, ќе станат уште помали. Челниците на Челзи подготвија понуда за продолжување на договорот на Азар, кој ќе го направи да биде најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Челзи му нуди останување на Азар на „Стемфорд бриџ“ со неделна плата од неверојатни 300.000 фунти. Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, се надева дека Белгиецот ќе ја прифати оваа понуда.

„Знаете колку е Азар важен за нашиот тим. Тој е посебен играч. Од клубот му понудија нов договор, па сега останува тој да одлучи дали ќе го прифати. Знам дека преговорите траат веќе неколку недели, а доколку има нешто ново, сигурно тоа ќе го објавиме“, вели тренерот на Челзи, Сари.

Азар дојде во Челзи во 2012 година од тимот на Лил, а тогаш Белгиецот го одбра англискиот тим иако имаше понуда и од Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести