33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Азар го одбивал ПСЖ бидејќи во Франција сака да игра само за еден клуб

Најдобриот белгиски фудбалер Еден Азар летоска го напушти Челзи и премина во Реал Мадрид, со што му се исполни долгогодишната желба да го облече дресот на Кралскиот клуб. Реал за доведување на Азар издвои повеќе од 100 милиони евра, а Белгиецот по лошиот почеток, сега почнува да прикажува подобри игри и се вклопува во екипата.

Навивачите чекаат уште подобри изданија од него, а Азар во разговор за француски „Л’Екип“, призна дека имал неколку шанси да премине во ПСЖ, но секогаш ги одбивал понудите од париските Светци кои доминираат во Франција, но никако да направат успех во Европа.

„Повеќепати се обидуваа да ме привлечат, но јас ги одбивав понудите на ПСЖ. Не можам да се вратам во Франција и да играм за друг клубот освен за Лил. Таа одлука ја донесов одамна. Ако некогаш се вратам во Франција, тогаш знајте дека тоа ќе биде само во Лил, никако на друго место“, рече Азар.

- Оглас -

Најнови вести