Азар годишно заработува 10 милиони евра, но на тренинг дојде со автомобил што сите се зачудија (Фото)

Еден Азар беше една од главните ѕвезди во летниот преоден рок, кога од Челзи се пресели во Реал Мадрид. Во Кралскиот клуб ќе заработува повеќе од 10 милиони евра по сезона, но тоа не го менува многу скромниот Азар. Ѕвездата на белгиската репрезентација ги зачуди сите, кога на тренинг се појави со „пежо“.

Белгија во петок ќе гостува кај Сан Марино, а пота следува и малку потежок предизвик, односно меч на гости кај Шкотска. По четири меча, Белгија е на чело на групата со максимални 12 бодови, а Азар е вистински предводник на тимот со три гола и две асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести