Азар има часовник од 68.000 евра, но нешто не е како што треба

Еден Азар синоќа беше претставен како нов играч на Реал Мадрид. На промоцијата на „Сантијаго Бернабеу“ присуствуваа околу 50.000 навивачи, а  Азар откри дека со доаѓањето во Реал му се остварил детскиот сон. 

На прес-конференцијата, Азар носеше часовник Richard Mille RM016 од 17-каратно злато со дијамант. Ваквиот часовник вреди 68.000 евра, но на часовникот на Азар бил забележан еден мал проблем. Новинарите забележале дека часовникот на Азар едноставно покажува погрешен датум.

Иако вчера беше 13 јуни, на часовникот на Азар на местото каде што треба да стои датумот е бројот 8. Така и часовник кој вреди речиси 70.000 евра, се покажува како непрактичен и „доцни неколку дена“, иако повеќе од јасно е дека тој на раката на Азар служи како модел детал.

 

- Оглас -

Најнови вести