Азар имаше среќа – Не му се повтори несреќната 2017 година со иста повреда на глуждот

Еден Азар нема скршеница на глуждот и имаше многу среќа да не му се повтори 2017 година, кога поради повреда на истиот глужд паузираше долго.

На дуелот со Пари Сен Жермен, офанзивецот на Реал Мадрид мораше да го напушти теренот во 68-мата минута, а се пожали на истата повреда од пред две години.

Првите прегледи покажаа дека нема скршеница на зглобот на ногата, а дополнителните тестови ќе покажат дали ќе паузира и сега и колку.

Белгиецот имаше неколку извонредни потези на мечот со ПСЖ, а Реал Мадрид прокоцка предност од 2:0, ремизираше со францускиот првак 2:2, но двете екипи заедно одат во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести