По пауза од речиси три месеци, Еден Азар вечерва повторно ќе биде во стартниот состав на Реал Мадрид. Тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти има големи проблеми бидејќи шестмина фудбалери се заразени со Коронавирусот и нема да бидат на располагање за дуелот против Кадиз на „Сантијаго Бернабеу“.
Токму затоа, повторно шанса ќе добие Азар, кој е најголемото разочарување на Реал во последните неколку сезони. Белгискиот репрезентативец последен пат беше стартер за Реал на дуелот против Шериф Тираспољ, кога Реал изненадувачки дома загуби со 1:2. Поразот од молдавскиот шампион можеби е и најизненадувачкиот пораз за Реал во историјата на Лигата на шампиони.
„Азар ќе започне од првата минута против Кадиз. Мотивиран е, добро тренира и заслужува да игра“, рече Анчелоти.
Реал има 10 победи во низа во сите натпреварувања и е голем фаворит за нов триумф денеска против Кадиз.