Еден Азар не само што ќе ги пропушти следните два меча на Реал Мадрид, од кои едниот е првото Ел Класико сезонава, туку нема да му биде достапен на Зинедин Зидан дури до втората средина од ноември.
Белгиската ѕвезда останува аут откако се здоби со повреда на мускулот од десната нога кон крајот на септември, па затоа ќе може да истрча на терените дури по репрезентативната пауза, која е предвидена за ноември.
Неговата агонија продолжува и во втората сезона како член на Кралевите откако во летото 2019 година го оствари трансферот вреден повеќе од 100 милиони евра. Азар сè уште нема запишано настап за Реал во новата сезона и, по сите изгледи, ќе чека најмалку уште еден месец за да го облече белиот дрес.