Азар летото го одбил Баерн поради смешна причина

Интересна приказна раскажа Роб Грин, ексголманот на Челзи. Сега веќе пензионираниот англиски чувар на мрежата вели дека Еден Азар во текот на летото имал понуда од Баерн Минхен, но го одбил германскиот првак поради неговиот брат.

Братот на Еден, Торган Азар, веќе неколку години игра во Бундеслигата, а од оваа сезона е член на Борусија Дортмунд. Тогашниот најдобар играч на Челзи не сакал да оди во Германија и да го засени брат му.

„Баерн го сакаше Азар, но тој не го сакаше Баерн. Ми кажа дека не сака да оди во Бундеслигата бидејќи таму игра брат му. Во Германија го знаат како Торган Азар, а доколку Еден потпишеше за Баерн, тогаш ќе го нарекуваа братот на Еден Азар“, истакна Грин.

Азар потоа ја оствари 100 милионската преселба на „Сантијаго Бернабеу“, каде што уште се очекува негов блесок бидејќи честите повреди го спречуваат да ги оправда средствата.

- Оглас -

Најнови вести