Азар: Ми треба слобода во играта, инаку подобро да седам на клупа

Фудбалерот од кој се очекува да биде лидер на Реал Мадрид во претстојната сезона, Белгиецот Еден Азар, во едно интервју во Монтреал каде „кралевите“ беа на подготовки пред да заминат ви Хјустон, кажа дека најкомотен на терен е кога добива слобода во играта.

„За секој меч се подготвувам исто, без разлика дали е пријателски или официјален. И на пријателските мечеви сакам да оставам добар впечаток. Секако притисокот е поголем пред дерби, бидејќи и навивачите прават притисок. Немам некој гол што ми е омилен во кариерата. Сум давал важни погодоци кои ги паметам и после кои сум бил многу радосен, но мислам дека мојот најважен и најубав гол ќе го дадам допрва“ – вели Азар.

Левото крило на Реал, додава дека за себе мисли оти е најкорисен кога игра слободно.

„Јас сум тип на играч кој сака слобода во играта. Ако немам слобода, подобро да седам на клупата. Би играл и лево и десно, се уфрлам и во средина. За мене фудбалот треба да се игра со инстинкт, во дел од секунда се носат одлуките. Сега сум многу поискусен отколку пред едум години кога потпишав за Челзи, но уште се чувствувам млад. Искуството ќе ми помогне полесно да се прилагодам на новата лига, која е поразлична од Премиерлигата“ – додава Азар.

- Оглас -

Најнови вести