Азар може да заборави на мадридското дерби

Помина еден месец од последната повреда на Еден Азар, која му е десетта во кариерата како играч на Реал Мадрид. Белгискиот офанзивец е во трка со времето да биде подготвен за градското дерби против Атлетико, кое е закажано за во недела попладне, меѓутоа шанси за настап речиси да не постојат.

Шпанските медиуми тврдат дека и покрај напорите Азар да наметне кондиција за суперинтензивниот дуел, тој нема да биде на списокот со играчи на Зидан со кои ќе располага за дебрито на „Ванда Метрополитано“.

Азар го пропушти и претходното градско дерби кое Кралевите го добија со 2-0, а исто така и Дани Карвахал ќе биде меѓу отсутните играчи во тешката пресметка.

Тесната битка за шампионската титула ќе биде уште понеизвесна по ова дерби доколку Реал издвои позитивен резултат против лидерот на табелата. Атлетико уште го држи првото место со 58 бода, додека Реал и Барселона се на делба на втората позиција со по 53 бода.

- Оглас -

Најнови вести