Азар: Не планирам да си одам од Мадрид

Еден Азар, капитенот на Белгија, во пресрет на Европското првенство вели дека е фит и се надева на добар настап со својата репрезентација, а потоа да се врати во Мадрид и да се обиде за последен пат да го оправда скапото вложување во него.

Офанзивецот на Кралевите беше прогласен за огромно промашување, за кого пред две години беа потрошени над 100 милиони евра, а Азар речиси целата кариера во Реал ја помина повреден и не покажа речиси ништо од партиите кои ги пружи за Челзи.

„Не верувам дека ќе го напуштам Реал Мадрид во скоро време. Првите две години не се одвиваа според планот поради повредите. Знам дека кога сум фит, можам да направам големи нешта со топката. Никогаш претходно во кариерата не сум се мачел со толку многу повреди. Додека бев во Челзи успевав да ја повратам формата по секоја незгода, сега ми е потребно да играм што повеќе во континуитет. Здрав сум и подготвен за добар настап на Европското првенство, а потоа ќе дадам сè од себе да го оправдам дресот на Реал“, посочи Азар.

Азар со Белгија на претстојното ЕП ќе настапи во групата Б, каде што Ѓаволите се фаворити против Русија, Финска и Данска.

- Оглас -

Најнови вести