26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Азар: „Не сакав да играм против него, но мене никој не можеше да ме задржи“

Белгискиот интернационалец Еден Азар одлучи да се пензионира од професионално играње фудбал само на 32 години, и тоа како фудбалер на Реал Мадрид. Сепак, најдобрите мигови во својата кариера ги имаше во дресот на Челзи, кој го носеше од 2012 до 2019 година.

Во гостување на еден поткаст се потсети на времето во Премиер лигата, но мораше и да одлучи против кој фудбалер воопшто не сакаше да игра.

„Беше невозможно да му ја одземете топката на Јаја Туре, беше незадржлив. Не сакав да играм одбрана против него, дури и да сакав – не можев. Но кога другата екипа се бранеше против мене, никој не можеше да ме задржи. Замислете крупен играч, висок 190 сантиметри, да брани ситен како мене од 170 сантиметри – не е лесно“, вели Азар.

- Оглас -

Најнови вести