Азар не знае што да прави, има тешка дилема: операција или Европско?

Повредите на Еден Азар како да немаат крај. Белгиецот вчера ја здоби десеттата повреда откако потпиша за Реал Мадрид во 2019 година, а сега има дилема дали да се оперира. Проблемите во глуждот веројатно ќе може долгорочно да се решат со операција, но ако се оперира, Азар нема да може да игра до крајот на сезонава, и ќе мора да го прескокне Европското првенство, што би било многу болно за него.

Азар е еден од главните адути на Белгија. Ѓаволите се лидери на ранг-листата на ФИФА и имаат состав кој може да се бори на европската титула, но без Азар, тоа би било потешко остварливо.

Затоа, крилото има голема дилема, дали да го жртвува Еуро 2020 на кое има шанса да освои голем трофеј? Без операција, тој само ќе се мачи, па и на ЕП би играл недоволно подготвен и во недоволно добра форма.

- Оглас -

Најнови вести