Азар одби да игра заедно со Меси во САД, „печен“ е за пензија

Поранешниот белгиски репрезентативец и член на Челси и Реал Мадрид, Еден Азар, ја одби можноста да игра во ист тим со Лионел Меси во МЛС-лигата и со само 32 години сериозно размислува за крај на професионалната кариера.

Шпанскиот спортски весник „Ас“ пишува дека Азар ја одбил понудата на Интер Мајами, новиот клуб на Лионел Меси и Серхио Бускетс, а каде наскоро се очекува да пристигнат и Жорди Алба како и Серхио Рамос кој му беше капитен на Белгиецот во Реал.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1685276848043814912?s=20

Според „Ас“ причина за одбивањето на понудата од Интер Мајами е тоа што Азар сериозно размислува да замине во пензија.

Откако пристигна во Реал, Азар повеќе беше повреден отколку што играше, а наводно големо влијание во одлуката на Азар да го одбие Интер Мајами имаат сопругата и трите сина кои се чувствуваат одлично во Мадрид и не сакаат да го напуштат главниот град на Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести