Еден Азар откако потпиша за Реал Мадрид, не може глава да крене од повреди. Синоќа против Алавес тој излезе од игра во 28-ма минута, а денешните снимки ќе покажат дали е мускулна повреда или само од удар. Во секој случај, тој ќе треба да паузира некое време, а на тимот му претстојат многу важни и тешки гостински мечеви со Шахтар во ЛШ и со Севилја и дома со Атлетико Мадрид (дербито е на 12-ти декември) во првенството.
Азар кој требаше солидно да ја пополни празнината на лево крило по заминувањето на Кристијано Роналдо, не може да врзе четири натпревари по ред. Постојано се повредува, оваа синоќа му е седма повреда откако го облече белиот дрес.
Во оваа сезона која трае три месеци, Азар веќе има три повреди, и никако да заигра во континуитет. Освен повредите, тој неодамна беше позитивен и на Ковид-19, па пропушти неколку меча и од таа причина. Сезонава се појави на шест од 14-те меча на Реал, а отсутен беше 70 дена, а вкупно одигра само 22 меча и имаше 229 дена пауза и рехабилитација.
Во Челзи, за седум години имаше 12 повреди, и пропушти помалку натпревари отколку за една и пол година во Реал. Азар е најскапото засилување во историјата на Кралскиот клуб, но се претвора во Кака или Герер Бејл, кои истотака се мачеа со бројни повреди.