Азар после осум месеци даде гол за Реал и тоа победнички (Видео)

Реал Мадрид се намачи во дуелот против Елче и дури по 120 минути игра стигна до пласман во четвртфиналето од Купот на Шпанија. По регуларните 90 минути немаше погодоци, но затоа возбудувањата беа во дополнителните 30 минути игра.

Најпрво во 102 минута, Марсело доби директен црвен картон поради старт со кој спречи шанса за гол на Елче. Од досудениот слободен удар Елче сепак даде гол и тоа преку Верду, за водство на домаќините по првото продолжение.

На стартот на второто продолжение Реал заигра многу подобро и тоа резултираше со два погодоци. Иско израмни на 1:1 во 108 минута, а потоа Еден Азар со погодок во 115 минута го донесе Реал во водство од 2:1, што на крајот се покажа и како клучен гол за победа.

За Азар ова беше прв гол во дресот на Реал по тој во првенството постигнат во мај минатата година.

 

- Оглас -

Најнови вести