Азар пресреќен што Челзи ќе игра финале во ЛШ, па се најде на удар на критики (фото)

Челзи се пласира во финалето од Лигата на шампионите, додека Еден Азар со својот Реал Мадрид ќе чека некоја друга прилика да се најде во битка да се бори за најпрестижниот пехар во фудбалска Европа.

Белгиската ѕвезда требаше да биде џокерот на Зидан на стадионот „Стемфорд бриџ“, кој му беше дом на Азар цели седум години, меѓутоа неговата магија не се истакна, па Кралевите не се изборија за 17-тото финале во клупската историја.

Сепак, на Азар не му беше многу тешко што нема да игра финале, а делуваше среќно што неговиот поранешен тим ќе се бори за европската титула, но неговата реакција не им се допадна на „мадридистите“, па стана цел на критики од навивачите на Реал. По крајот на дуелот, Азар со дел од поранешните соиграчи се смееше, што беше интерпретирано како немање респект кон Реал.

Инаку, пред две години, кога ги напушти Сините, Азар велеше дека покрај тоа што му било сон да го облече белиот дрес, имал желба да биде европски првак, сметајќи дека со Реал има поголеми шанси да си го оствари сонот отколку со клубот од Лондон.

Судбината сакаше Челзи без него да дојде на чекор од европскиот трон, а дали на него ќе се искачи, ќе се знае на 29 мај.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести