Азар пристигна на „Сигнал Идуна парк“

Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Торган Азар од редовите на Б. Менхенгладбах само еден ден подоцна откако го претстави првото засилување, Нико Шулц. Белгискиот репрезентативец, а воедно и брат на ѕвездата на Челзи, Еден Азар, го стави својот потпис на петгодишен договор, односно до јуни 2024 година.

Милионерите исплатија 25,5 милиони евра за услугите на Белгиецот, а во најскоро време се очекува официјализирање на уште еден трансфер, тоа е Јулијан Брант од Баер Леверкузен.

Азар, исто како и неговиот постар брат, ги покрива двете крилни позиции, а може да игра и на позицијата „десетка“. За тимот на Мехненгладбах настапи вкупно на 182 натпревари, на кои запиша 46 погодоци и 44 асистенции.

Не е првпат Дортмунд да купи фудбалер од ривалот Менхенгладбах. Меѓу позначајните трансфери од минатото е Марко Ројс, сегашниот капитен на Милионерите, а сега редот е на Азар да ги оправда средствата.

 

- Оглас -

Најнови вести