Азар се исплаши од Бејл и Нејмар

Еден Азар би можел да дебитира за Реал Мадрид порано од предвидувањата. Повредата веројатно не е толку сериозна како што се мислеше првично, па Белгиецот сега верува дека би можел да се појави на терен на 1 септември, кога Реал ќе гостува кај Вилјареал.

Азар се повреди на тренинг пред дуелот со Селта и се прогнозираше дека таков вид мускулни повреди бараат пауза од три до четири недели. Сепак, рехабилитацијата оди добро и наместо три, најголемото засилување на Реал може да пропушти два првенствени меча и во Ла Лига да дебитира на 1 септември на стадионот „Ла Серамика“ во предградието на Валенсија.

Во септември Азар ќе има и репрезентативни обврски и тие мечеви може да му послужат за влегување во натпреварувачки ритам. Забрзувањето на процесот на појавувањето во тимот на Реал можеби кај Азар е предизвикано и од добрата игра на Герет Бејл, кој против Селта играше на негова позиција, и од шпекулациите дека Кралевите до 2 септември ќе се обидат да го привлечат Нејмар, кој исто така преферира да игра како лево крило, каде што неприкосновен треба да биде Азар.

- Оглас -

Најнови вести