Азар се пофали дека ужива во животот и дека се му е перфектно

Еден Азар, поранешниот капитен на белгиската фудбалска репрезентација, беше дел од церемонијата за Златната топка, каде што беа доделени наградите за најдобрите светски фудбалери. Азар веќе неколку месеци е во фудбалска пензија, но сепак беше дел од гала-свеченоста, каде што му ја додели наградата на Џуд Белингам за најдобар млад фудбалер во светот.

Азар во кариерата играше за три клуба. Започна во Лил, а потоа направи трансфер во Челзи, каде што ги достигна најблескавите моменти во кариерата. Во 2019 година, за трансфер од 100 милиони евра замина во Реал Мадрид, но честите повреди и падот на формата беа главни причини за Белгиецот едноставно да не се снајде во Кралскиот клуб, па затоа и реши да оди во фудбалска пензија само на 32 години. Азар вели дека моментно ужива во животот и фудбалот не му недостасува.

„Животот е перфектен. Едноставно, перфектен. Уживам во времето поминато со семејството и моите деца. Можам да правам што сакам и тоа е еден перфектен живот“, рече Азар објаснувајќи како се чувствува по пензионирањето.

За време на 15-годишната кариера Азар заработи многу милиони евра и сега едноставно решил да ужива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести