Белгија со 3:1 ја победи Естонија и со тие три бода си го обезбеди првото место во групата кое води пласман на Светското првенство во Катар. Црвените ѓаволи без проблеми стигнаа до победата на свој терен, но еден играч имаше проблеми на теренот.
Ѕвездата Еден Азар повторно покажа дека е далеку од формата во која играше пред две-три години и дека ѕвездата на Реал Мадрид едноставно не може да постигне гол дури и кога ќе излезе сам пред голман.
На дуелот против Естонија, Азар доби одлична топка, беше непречен од никого, но наместо лесно да реализира, тој реши да го дрибла голманот, а потоа му наиде противнички играч и ја загуби топката, а шансата пропадна.
Acabadísimo pic.twitter.com/mZNeedX5I8
— Roldán (@Benzenazi9) November 13, 2021
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез реши да го замени капитенот по само 60 минути игра и на негово место го внесе неговиот брат Торган, кој ја искористи шансата и постигна погодок за 3:1.