Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, по саботното дерби против Манчестер јунајтед, се пожали на болки во грбот и најверојатно му следува принудна пауза од неколку дена. Белгиецот беше вистинска цел за играчите на Јунајтед, особено за Матиќ и Јанг, кои заработија жолти картони откако стартуваа врз него, а по тоа „тепање“, очигледно имало последици кај Азар.
Иако издржа цели 90 минути, Азар по мечот се пожалил на медицинскиот тим на Челзи дека не можел да се движи природно, додека на вчерашниот тренинг, исто така, не можел да тренира во полн погон.
Според првичните информации, Азар нема да игра во четврток, против БАТЕ Борисов во Лигата на Европа, додека под знак прашалник е ставен неговиот настап и против Барнли следниот викенд.