Белгискиот интернационалец, Еден Азар, важи за најголемото промашување во историјата на Реал Мадрид. Тој во 2019-тата година беше купен од Челзи за 100 милиони евра, но откако не покажа ништо во дресот на Реал Мадрид, се пензионираше на само 33 години.
Познато е дека тој и Килијан Мбапе се добри пријатели, а во минатото Азар преку медиумите најавуваше дека го чека во Реал за заедно да освојуваат трофеи, но тоа не се случи.
„Направи го она што не можев јас брате, уживај играјќи за Реал и освојувај трофеи.“ – е пораката која Азар ја упати до Килијан Мбапе.