Азар: Трофејот во Лигата на Европа би било одлично збогум од Челси

Англискиот премиерлигаш Челси веќе е во Баку, каде утревечер ќе го игра финалето во Лигата на Европа против градскиот ривал Арсенал. Првата ѕвезда на Челси, Еден Азар најави дека неговиот тим е дојден да го освои трофејот, а потенцираше дека тоа би било и одличен начин да каже збогум на Челси, каде се стекна со светска слава. Речиси сигурно е дека Азар во летниот преоден рок ќе се пресели во Реал Мадрид.

„Кога играш финале, не е важно дали е тоа во Лигата на шампиони, Лигата на Европа или Купот. Едноставно сакаш да победиш и да славиш. Го загубивме финалето во Купот, па ова ни е последна шанса да стигнеме до трофеј сезонава. Не е важно дали ќе дадам гол или не, најважно е да победиме. Ако ми е ова последен меч во дресот на Челси, тогаш освојување на трофејот би бил одличен начин да кажам збогум“, рече Азар.

Дуелот од финалето во Лигата на Европа е утревечер на стадионот во Баку.

 

- Оглас -

Најнови вести