Азар: Цела претсезона го чекав овој момент

Реал Мадрид вчера ја запиша втората победа во претсезонските подготовки, трета ако се смета триумфот против Арсенал во пенал-рулетот. Кралевите го совладаа тимот на Ред бул Салцбург на „Ред бул арена“ со дебитанскиот погодок на Еден Азар.

Белгиецот конечно покажа зошто е доведен од редовите на Челзи, а погодокот доаѓа во вистински момент, пред почетокот на сезоната за да се крене самодовербата.

„Пет натпревари го чекав овој момент. Знам дека е пријателски натпревар, но се чувстувам одлично по првиот гол за Реал. Кога сум на теренот сакам да уживам и да победувам, нормално е од мене да се очекуваат голови бидејќи играм во напад. Ова е добар начин да се крене самодовербата, ни останува уште една контролка, а потоа се фокусираме на дуелот со Селта во првото коло“, истакна Азар по мечот.

На избраниците на Зинедин Зидан им преостанува уште еден пријателски дуел против Рома, кој е закажан на 11 август, а веќе следниот викенд стартува шпанското првенство каде Реал ќе гостува во Виго против Селта.

- Оглас -

Најнови вести