Азар вечерва игра против единствениот тим на којшто му даде гол откако е во Реал (Видео)

На 5 октомври минатата година, во финишот на првото полувреме од дуелот со Гранада на „Сантијаго Бернабеу“, Белгиецот Еден Азар даде убав гол и тоа му беше дебитантски погодок во белиот дрес на Кралскиот клуб од Мадрид. Веројатно тогаш ни во најлошите кошмари не сонуваше дека тоа ќе му биде единствен гол сезонава до оваа фаза.

Азар во Челзи даваше по 20-тина голови по сезона, но во Реал потфрли во реализацијата, а главни причини се и повредите и тоа што Азар пропушти голем дел од сезоната. Сепак, тој го памети својот единствен гол за Реал, жртва му беше Гранада во победата од 4-2, а тимот од Андалузија е оној на којшто Реал му гостува вечерва во важен меч за двата тима.

На Реал трите бода му требаат за да ја врати предноста од четири бода пред Барселона и речиси да ја обезбеди титулата, а во Гранада се надеваат дека со победа ќе се пласираат во Лигата на Европа или барем квалификации за ова европско натпреварување.

За Реал нема да играат Марсело, Јовиќ и Начо, но и Гранада нема да биде комплетна. Можеби Азар ќе биде една од заканите по голот на домашните, а еве го и голот кој го даде есеноска против истиот противник:

- Оглас -

Најнови вести