Азар веќе нема да се лизга на колена при прославите

Еден Азар, кој во моментов е можеби и фудбалер со најдобра форма во Европа, потврди дека кога ќе даде гол, веќе нема да прославува како досега, со лизгање по тревата на колена. Азар одличната форма од Светското првенство во Русија ја продолжи и во дресот на Челзи. Вечерва тој е главниот адут на лондонските „сини“ против Ливерпул во дербито на Премиерлигата.

„Мора да престанам да се лизгам на колена после постигнат гол. Видете, моите колена горат. Нема веќе да прославувам на ваков начин“ – рече Белгиецот во интервју за клупската телевизија на Челзи, откако му беше прикажана снимка како дава и прославува гол.

Последната прослава на Азар со лизгање на колена по тревата беше пред неколку дена, после оној супер-гол во дуелот со Ливерпул од Карабао купот. Азар тогаш кратко се лизгаше, брзо стана на нозе, а во иднина веројатно воопшто нема да ги „мачи“ колената.

- Оглас -

Најнови вести