Азар за година дена во Реал пропушти повеќе меча отколку во Челзи за седум сезони

Еден Азар минатото лето дојде во Реал Мадрид за трансфер вреден 100 милиони евра. Белгискиот репрезентативец беше најавуван како нова голема ѕвезда која треба да блеска во Кралскиот клуб.

Сепак, Азар никако не успеа да го покаже својот потенцијал на „Сантијаго Бернабеу“, и тоа најмногу поради честите повреди. За малку повеќе од една година, колку што е член во Реал, Азар пропушти 23 меча поради разни повреди. Колку за споредба, Азар за седум години поминати во Челзи, пропушти само 20 меча поради повреди.

Последната повреда поради која не играше ни на синоќешниот дуел против Валјадолид е на мускулот на десната нога. Лекарите му препорачаа да мирува и сигурно ќе ги пропушти дуелите против Леванте и Кадиз, но се очекува да биде подготвен за Ел Класико, кое треба да се игра на 25 октомври на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести