Азар за седум месеци во Реал пропушти еднаков број натпревари колку што пропушти во Челзи за седум години

Еден Азар нема по добро да ја памети дебитантската сезона во Реал Мадрид, без разлика дали клубот ќе оствари успех во Ла Лига или во Лигата на шампионите. Белгиецот само што се врати од тримесечна пауза, повторно му настрада зглобот и ќе мора уште толку да отсуствува од обврски поради фрактура.

Од засилувањето вредно 100 милиони евра навивачите на Кралскиот клуб очекуваа многу повеќе, но Азар како да е цел на противниците, кои често употребуваат груби стартови за да му ја одземат топката. Фактот што не игра во континуитет го спречува да ги оправда средствата, па веќе има сомнежи дали Реал направи добра зделка со неговиот ангажман.

Во досегашниот дел од сезоната Азар прескокна доста натпревари, поточно за седум месеци во Мадрид тој пропушти 20 натпревари поради повреда, исто колку што пропушти во дресот на Челзи за цели седум години, односно од 2012 до 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести