Азаренка игра лудо во балонот во Њујорк, со 10:0 ја чека на реванш Серена Вилијамс

Викторија Азаренка игра беспрекорно во Њујорк и во тенискиот балон во Големото јаболко се уште нема пораз на 10 меча, на двата ценети турнири.

Белорусинката ја освои титулата на ВТА Синсинати, што се играше во Њујорк непосредно пред стартот на Отвореното првенство на САД, а сега гаси и пали и на гренслемот, на популарното Отвореното првенство на САД.

Ноќеска со 6:1, 6:0 и буквално ја демолира Елиз Мертенс и си закажа полуфинале со Серена Вилијамс. За само еден час и 14 минути Белорусинката ја заврши работата за полуфинале, нејзино прво во Њујорк, на Отвореното првенство на САД по пауза од 7 години.

„Не можев ниту да сонувам дека ќе игра подобро од ова. Сега и дуелот со Серена Вилијамс е како шлаг на тортата. Не може подобро да се игра за финале против таква шампионка“, изјави Азаренка.

Ова ѝ е шанса за реванш за двата порази од Серена во двете возбудливи финалиња на Отвореното првенство на САД во 2012 и во 2013 година што ги доби Американката во три сета.

Во второто полуфинале ќе играат шампионката од 2018 Наоми Осака и Џенифер Брејди.

Во машка конкуренција, Доминик Тим со убедлив триумф од 6:1, 6:2, 6:4 против Де Минаур потврди дека е прв фаворит за пехарот, по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ. Вториот носител од Австрија ќе игра во полуфиналето против третиот фаворит Данил Медведев, а за место во машкото финале битка ќе бијат и Пабло Карењо Буста и Александер Зверев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести