Азаренка имаше премногу среќа, освои поен каков што не сте виделе (Видео)

Викторија Азаренка завчера го доби осминафиналето на турнирот во Острава против Барбора Крејчикова, а дека на Белорусинката „ѝ беше пишано да победи“, доказ е поенот кој таа го освои во финишот на третиот сет.

После еден удар на Азаренка, топчето се тркалаше по работ на мрежата и после неколку секунди „двоумење“ сепак падна во полето на Крајчикова. На популарната Вика не ѝ се веруваше како поен освоила и ѝ се извини на противничката. Имаше огромна доза на среќа, а попладнево игра четвртфинале со Мертенс и ако верувате дека Азаренка повторно ќе има среќа, може да се обложите во Sport Life.

Погледнете го поенот кој многу ретко се гледа:

- Оглас -

Најнови вести