Азаренка во клинч со новинар: Чекај малку, дали знаеш дека јас не сум од Русија?

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка по победата во првото коло на Вимблдон над Кинеската Јуан со 6:4,5:7,6:4 на прес-конференцијата имаше интересен разговор со новинар кој ги помеша Белорусија и Русија.

Организаторот на најпрестижниот тениски турнир годинава им дозволи настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки без никакви обележја на нивните земји откако минатата година не им беше дозволен настап поради војната во Украина.

Азаренка на прес-конференцијата откако изјави дека не стравувала од дочекот на навивачите и дека е задоволна од поддршката од трибините, доби прашање кое ја збуни. Новинарот очигледно заборавил дека Азаренка е од Белорусија, а не од Русија.

https://twitter.com/TheTennisLetter/status/1675891303987691520?s=20

Новинар: „Што значи Вимблдон во Русија? Дали е тоа голема работа во твојата земја? Дали е важен дел од спортската култура?“
Азаренка: „Дали знаеш дека јас не сум од Русија?“
Новинар: „Да, мислам општо гледано? Дали си свесна за негово значење?“
Азаренка: „Ќе мора да бидеш малку поконкретен бидејќи не го разбирам прашањето.“
Новинар: „Мислам на тоа како се гледа на културата на Вимблдон, дали сметаш дека тоа е голем турнир во Русија?“
Азаренка: „Почекај малку, да разјасниме што ме прашуваш. Ме прашуваш дали сметам дека Вимблдон е голем меѓународен турнир или што претставува за мене?“
Новинар: „Мислев меѓународно, за неговото влијание во Русија. Ова е првпат да играат руски тенисери и тенисерки по забраната.“
Азаренка: „Ќе одговорам на ова прашање за меѓународните погледи на Вимблдон иако не сум експерт на оваа тема за да дадам добар и конкретен одговор.“
Новинар: „Извини, лошо го поставив прашањето.“
Азаренка: „Да, но ќе ти одговорам. Мислам дека Вимблдон е најголемиот тениски турнир и отсекогаш бил. Воедно тоа е најстариот турнир, легендарно место. А како е во Русија не знам бидејќи јас не сум од Русија и не можам да ги одговорам на тоа прашање.“
На социјалните мрежи тениските фанови застанаа во одбрана на Азаренка.

- Оглас -

Најнови вести