Алина Дорофеева постигна мајсторски гол од слободен удар со удар што многу потсетува на тие на Лионел Меси. Репрезентативката на Азербејџан хируршки прецизно го погоди голот на Молдавките, а голманката Мунтеану не ни мрдна од место.
Мечот заврши со победа од 3:1 за Молдавија, во меч во кој голманката на домашната репрезентација Мунтеану постигна два гола од пенал.
Во тек се квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година, во кои учествува и Македонија во групата Г заедно со Австрија, Франција, Србија и Казахстан.