Азербејџан ја има женската верзија на Меси – Дорофеева е мајстор за слободни удари (Видео)

Алина Дорофеева постигна мајсторски гол од слободен удар со удар што многу потсетува на тие на Лионел Меси. Репрезентативката на Азербејџан хируршки прецизно го погоди голот на Молдавките, а голманката Мунтеану не ни мрдна од место.

Мечот заврши со победа од 3:1 за Молдавија, во меч во кој голманката на домашната репрезентација Мунтеану постигна два гола од пенал.

Во тек се квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година, во кои учествува и Македонија во групата Г заедно со Австрија, Франција, Србија и Казахстан.

 

- Оглас -

Најнови вести