Азиски предизвик за македонските ракометари на стартот од „Жолтиот куп“ во Винтертур

Ракометната репрезентација на Македонија продолжува со подготовките пред настапот на Европското првенство, па вечерва од 20:30 часот на програмата е вториот контролен дуел, овој пат против Бахреин.

Мечот е дел од „Жолтиот куп“ во Винтертур, Швајцарија, и претставува одлична можност за прва победа на избраниците на селекторот Кирил Лазаров. Освен Македонија и Бахреин, на „Жолтиот куп“ учествуваат и домаќинот Швајцарија, како и селекцијата на Украина, која ќе биде наш противник утре.

Бахреин е репрезентација против која имаме играно само еднаш, на Светското првенство во 2019 година и славевме рутински со 28-23, па од таму и надежта дека нашите ракометари ќе успеат да дојдат до победата.

„Атмосферата е одлична, успеавме и колку толку да се одмориме. Имавме тежок пат, утрово се аклиматизиравме. Подготвени сме за натпреварот против Бахреин, имаме некои замисли кои треба да ги спроведеме вечерва. Секако дека ќе дадеме максимум, да победиме, тоа е добро за нас, за атмосферата во репрезентацијата.“ – рече македонскиот репрезентатиец, Михаил Аларов.

Македонија во подготовките до сега одигра само еден меч, против Хрватска на гости и загуби со 26-23, а во продолжение ќе следат и дуели против Украина и Швајцарија, како и меч против данскиот прволигаш Мидтјиланд на три дена пред стартот на Европското првенство.

На првенството во Хернинг, нашите момци се во група со Данска, Португалија и Романија, а за пласман во следната рунда ќе ни биде потребно пласман на првото или второто место.

Натпреварот против Бахреин ќе може да се гледа на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести