Аѕурите кои на денешен ден пред 15 години го покорија светот, испратија порака до тимот на Манчини

На денешен ден пред 15 години, Италија по четврти пат ја освои светската титула откако на пенали ја совлада Франција во големото финале во Берлин.

Токму лидерите од таа златна генерација на Аѕурите кои го донесоа последниот репрезетативен успех, се огласија во пресрет на финалето на ЕП, на кое во недела на „Вембли“, составот на Роберто Манчини против Англија ќе се бори за европската титула.

„Среќен 9 јули мили мои Аѕури, нека биде ова уште еден наш успех“, се огласи Фабио Канаваро преку „Инстаграм“, исто како и Алесандро Дел Пјеро.

„Победник е секој сонувач кој не се откажува“, истакна легендата на Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести