Италијанската фудбалска репрезентација убедливо стартуваше во Лигата на нации откако со 3:1 ја победи Франција сред Париз, па сега аѕурите очекуваат нов гостински триумф. Играат против Израел, кој во првото коло загуби од Белгија со 3:1, па јасно е кој ја има улогата на фаворит.
За разлика од Италија, селекцијата на Франција нема право на нов кикс. Галските петли повторно играат на домашен терен, но овојпат против Белгија. Овие две селекции играа пред два месеци на Европското првенство во Германија, а Франција победи и тоа благодарение на автогол на Белгија.
Црна Гора одигра разочарувачки на гости кај Исланд и загуби со 2:0, па сега во Подгорица го пречекуваат Велс. Домашните навивачи очекуваат победа, но сигурно нема да биде лесно, посебно затоа што гостите сепак се во улога на фаворити.