Аѕурите уште плачат по поразот од Македонија и само еден град во Италија му се радува на Мундијалот

На осум дена до стартот на Светското првенство веќе започнаа да пристигнуваат првите фанови во Катар. На улиците во Доха веќе доминираат Бразилците и Аргентинците кои се првите навивачи што започнаа да ја подгреваат атмосферата.

Светското првенство во Катар ќе биде помине без една од најтрофејните репрезентации Италија која во баражот за пласман на СП загуби од Македонија со 1:0.
Поради неиграњето на Аѕурите кои имаат четири титули, Италијанците не му се радуваат на Мундијалот, но во малото италијанското гратче Сома Ломбардо, владее еуфорија.

Причина за еуфоријата е Златната божица, односно трофејот наменет за светскиот шампион. Трофејот се изработува токму во овој италијански град.

“Ние сме многу горди на тоа. Секако дека не сме среќни што Италија не се пласираше на Светското првенство, но многу сме емотивни поради финалето. Ние ќе бидеме единствените Италијанци кои ќе плачат од среќа за време на финалето, бидејќи знаеме дека и ние ќе бидеме на подиумот“, изјавија луѓето што го изработуваат шампионскиот пехар.

Трофејот кој тежи нешто повеќе од шест килограми е дизајниран од италијанскиот уметник Силвио Газанига во 1971 година ѝ е изработен од 18-каратно злато.

Пехарот се чува под силно обезбедување во седиштето на ФИФА во Швајцарија, а откако ќе му се врачи на новиот шампион се враќа во Ломбардија каде се гравира победник.

„Пехарот повторно доаѓа во нашата фабрика каде поправаме мали гребнатини и го гравираме името на новиот шампион“, додаваат од фабриката.

- Оглас -

Најнови вести