Март е познат како месец што знае да изненади и со снежна покривка, а таков е случајот денеска во Турција и им донесе многу радост на навивачите на Ризеспор.
Во Ризе вечерва гостува новиот првак Трабзонспор, а симпатизерите на домашниот тим се загреваа за мечот со чистење снег од теренот.
Тоа го сторија на многу интересен начин, со песна и со лудории на теренот, на кој се гаѓаа со снежни топки.
rizespor taraftarı başarılı saha temizliğini üçlüyle kutladı. tatlı traktörü de görebilirsiniz. pic.twitter.com/kGll9xGxqs
— can önduygu (@canonduygu) March 18, 2022
Почетокот на мечот доцнеше 20-на минути, но иако условите се тешки за игра Ризеспор и Трабзонспор го играат мечот во турската Прва лига.
На 15-на минути до крајот резултатот е 2:2.