Бабиќ уште три години на клупата на Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и тренерот Жељко Бабиќ потпишаа нов договор со важност до јуни 2024 година. Клубот и хрватскиот тренер се на иста бранова должина и заеднички ќе ја продолжат надградбата на проектот.

Бабиќ кој има 48 години, дојде во Битола во првите денови од 2020 година и ја водеше екипата во прекинатата сезона заради коронавирусот и во првиот дел од тековната сезона, во која битолскиот клуб одигра шест официјални натпревари. Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, тренерот од Сплит работеше во Метковиќ, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на хрватската ракометна репрезентација. Бабиќ е трет хрватски тренер во Битола, по Костелиќ и Мунетиќ.

- Оглас -

Најнови вести