Романците не можат да патуваат во Казахстан порад пандемијата со ковид-19, па УЕФА мора да најде нова солуција за квалификацискиот меч во Лигата наЕвропа меѓу Ордабаси и Ботошани.
Казахстан ја има ставено Романија на листата ризични земји поради големиот број на заразени со ковид-19 и не дозволува патување за граѓани кои доаѓаат од оваа земја кај нив.
Тоа е голем проблем за УЕФА, а Ботошани, за кого настапуваат нашите интернационалци Давид Бабунски и Стефан Ашковски, предлага мечот да се игра на неутрален терен во Унгарија.
„Не можеме да патуваме за Казахстан, забрането ни е. Не сакаме да го добиеме или да го загубиме мечот со службен резултат. Наш предлог е да играме во Унгарија или на кој било друг терен што е прифатлив за ривалот. Подобри сме и на кој било терен ќе го победиме Ордабаси“, изјави Валериу Ифтиме, претседателот на Ботошани.
Мечот треба да се игра на 27 август