Бабунски останува во Романија – Ќе игра за тимот на легендарниот Георге Хаџи

Давид Бабунски остана во Романија и ќе игра за Виторул Констанца во следните две и пол години, а ќе има можност да ја продолжи кариерата под будното око на две големи светски легенди.

Сопственик на Виторул е познатиот романски ас Георге Хаџи, а претседател е Георге Попеску, две големи живи легенди од златната ера на романскиот фудбал.

Хаџи му беше тренер на нашиот репрезентативец Бобан Николов, а сега Бабунски продолжува по истиот пат, откако го раскина договорот со романскиот прволигаш Ботошани.

Давид е поранешен репрезентативец на Македонија и член на златната генерација младинци што ја одведоа нашата селекција до 21 година до историско учество на ЕП во Полска во 2017 година.

Почна како член на познатата младинска академија на Барселона „Ла Масија“, а потоа играше за Б тимот на Каталонците, за Црвена ѕвезда, Јокохама и Омија Ардија во Јапонија и потоа и за Ботошани.

Бабунски има 26 години и се надева дека ќе успее со игрите во Виторул да се наметне како кандидат за настап на Европското првенство оваа година, на кое ќе учествува и Македонија за првпат во нашата фудбалска историја.

 

- Оглас -

Најнови вести