Бабунски: Треба да ги поправиме грешките од претходните мечеви, само така може да стигнеме до позитивен резултат

Новиот играч на Грасхоперс, Дириан Бабунски, вели дека атмосферата во репрезентацијата е одлична и дека Македонија со добра енергија може да стигне до позитивни резултати. Македонија в сабота во Скопје е домаќин на актуелниот европски првак Италија, а три дена подоцна ќе гостува кај Малта.

„Италија е светска фудбалска велесила, но ние неколку пати сме играле против нив и имаме искуство. Треба да се фокусираме и да научиме и да ги поправиме нашите грешки од последните неколку меча. Ќе дадеме сè од себе да стигнеме до добар резултат. Во фудбалот не се гледа минатото, тоа што поминало е поминато. Сега со нова енергија треба да се фокусираме и да се обидеме да им парираме на сите противници. Секој играч кога доаѓа за националниот тим, е 100 отсто подготвен. Сите си помагаме едни на други, ако сме со позитивен менталитет, со добра енергија, ќе може да направиме добар резултат“, рече Баунски.

- Оглас -

Најнови вести