Баџо контра експертите: За фудбалот денеска зборуваат незнајковци!

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Роберто Баџо, играчката кариера ја заврши пред 17 години, а иако имаше многу славни моменти кои го направија суперѕвезда, сепак најмногу го паметат по утнатиот пенал во финалето на Мундијалот во 1994 година. Да не беше Баџо, Италија немаше да стигне ни до полуфиналето на тоа СП, а камоли на пенали да се бори со Бразил, но сето тоа му беше заборавено.

„Ни денеска не можам да си простам за тој пенал. Нема ништо поважно од светска титула. Тој ден можев да се самоубијам“ – изјавува Баџо кој од тренерите вели дека најдобро разбирање имал со Карло Мацоне, бидејќи другите биле опседнати со тактики и сакале да бидат поголеми ѕвезди од фудбалерите.

Баџо годиниве добивал многу понуди да биде стручен коментатор на некоја телевизија, но одбивал.

„Не сакам да одам на телевизија, бидејќи непријатно ми е да ги осудувам другите. Гледам некои мои поранешни соиграчи како на телевизија држат лекции за фудбал, а на терен не можеа да направат ни два дриблинга. Фудбалот без публика е тажен и затоа ретко гледам, а и кога гледам, не уживам. Сега сум во контакт со природата, цепам дрва, возам трактор. Тоти ме посети еднаш и не сакаше да си оди дома“ – вели Баџо.

- Оглас -

Најнови вести