Фудбалерите на Челси продолжуваат непријатно да ги изненадуваат своите навивачи иако сопственикот, Тод Боли, во последните два преодни рока потроши повеќе од 600 милиони евра за засилувања.
Челси по првото полувреме во рамки на 24-то коло од Премиер лигата, губи со 0:1 од последнопласираниот тим на табелата, Саутемптон. Стрелец на голот за Светците беше Ворд-Праус во првата минута од судиското продолжение.
Водство по првиот дел има и Манчестер сити против Нотингем форест и тоа благодарение на голот на Бернардо Силва во 42-та минута.
На останатите четири натпревари, меѓу Брентфорд – Кристал Палас, Брајтон – Фулам, Евертон – Лидс и Вулверхемптон Борнмут, немаше голови по првите 45 минути.