Бадијала Фенербахче даде шест гола во последното коло, Галатасарај е шампион на Турција

Фудбалерите на Галатасарај се старро-нови шампиони на Турција откако во последното коло ја совладаа Коњаспор со 3:1 и тоа на гости. Галатасарај сезоната ја заврши со 102 освоени бодови, додека најголемиот ривал Фенербахче заврши со три бода помалку.

https://twitter.com/GalaaCase/status/1794782447537959225

Мауро Икарди беше двоен стрелец во триумфот на Галатасарај, а мрежата на домаќинот ја затресе и Барис Јилмаз, додека единствениот гол за Коњаспор го даде Лука Прип.
На Фенербахче залудна му беше убеливата победа од 6:0 над Истанбулспор.

- Оглас -

Најнови вести