Кошаркарите на Денвер нагетс доживеаја пораз, 18-ти во сезоната, на гостувањето кај еден од најслабите тимови во Источната конференција, Орландо меџик со 115:104.
Главниот кандидат за МВП признанието, Никола Јокиќ, одигра уште еден одличен натпревар со 29 поени и 12 скокa, го имаше потегот на натпреварот со асистенцијата во стилот на квотербек од НФЛ-тим, но неговиот тим загуби.
QB1: Nikola Jokic. This pass is wild.
WATCH: https://t.co/1pomQZMAZK pic.twitter.com/rFJIQVQIfW
— NBA (@NBA) February 10, 2023
Клучна улога во триумфот на Орландо имаа играчите од клупата, Вендел Картер јуниор даде 19 поени, а Бол Бол и Кол Ентони дадоа по 17 поени.
Бруклин нетс, кој во преодниот рок остана без двете најголеми ѕвезди, Кајри Ирвинг и Кевин Дурaнт, на крилата на новиот играч славеше со 116:105 против Чикаго булс. Спенсер Динвиди, кој дојде во Бруклин од Далас како дел од размената на Ирвинг, постигна 25 поени, додека 20 даде Кем Томас. Кај Чикаго блескаше Зек Лавин со 38 постигнати поени.
ЛА лејкерс без Леброн Џејмс, кој на претходниот натпревар стана најдобар поентер на сите времиња во НБА-лигата, загуби со 115:106 од Милвоки бакс. Предводник на Милвоки беше Јанис Адетокумбо со 38 поени и 10 скока, додека Крис Мидлтон постигна 22 поени. Кај Лејкерс најрасположени за игра беа Денис Шрудер со 25 поени и 12 асистенции и Ентони Дејвис со 23 поени и 16 скока.
Феникс санс без Девин Букер и најновото засилување Кевин Дурант во тимот загуби од Атланта хоукс со 116:107. Џош Окоги со 25 поени и Деандре Ејтон со 23 поени го предводеа Феникс, додека кај Атланта најдобар беше Тре Јанг со 36 поени и 12 асистенции.