27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Бадијала Нојер испиша историја на Мундијалите кога неговата Германија испадна од СП во Катар

Голманот на германската репрезентација, Мануел Нојер, испиша историја на светските првенства станувајќи голман со најмногу настапи на Мундијалите.

Дуелот со Костарика му беше 19-ти на најголемиот фудбалски настан и со тоа надмина две легенди, Германецот Сеп Маер, кој во 1974 година беше светски шампион, и Клаудио Тафарел, кој со Бразил во 1994 година ја освои титулата. И Маер и Тафарел имаат по 18 настапи на Мундијалите.

Рекордот му е мала утеха на Нојер бидејќи иако Германија вечерва славеше со 4:2 над Костарика, на крајот го освои третото место во групата Е и предвреме од очекуваното ги заврши настапите на СП во Катар.

- Оглас -

Најнови вести